Полнети тиквички
Пред да се започне рецептот, се блендираат кромидот, морковот, пиперката и доматот.
Се додава во смесата за блендирање и средишниот дел на тиквицата. Блендираната смеса се префрла во тавче со масло и се пропржува добро.
Кога ќе искрчка сокот од зеленчукот, се додава меленото месо и се остава убаво да се испржи.
Притиснувам убаво со лажицата да стане и месото ситно пржено.
Откако е пржено убаво и месото го додаваме чистениот и миен ориз, па пропржуваме се заедно и зачинуваме.
Тиквичките, ако се многу млади, не ги лупете.
Ако се постари, излупете и пресечете на делови, висински колку што ви е тавата.
( јас некогаш го готвам во тенџере, но некогаш во тава. )
Тиквиците ги длабиме во средишниот дел, а средишниот дел се става во блендерот со останатата смеса.
Длабнатината на тиквичките се полни со смесата која ја подготвивме претходно.
Остатокот од смесата ја додаваме од страната на тавата.
Полеваме вода и оставаме да крчка во рерна.
Оривчето ќе се одвои кога е убаво варенко.
Вкусот на тиквата е барем за мене ... неодоллив...
Вадете кога е испарена водата , а оривчето и тиквата варена....
Да ви кажам на здравје.... но пред тоа... набавете си една чашка убаво ладно винце......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови