Полнети пиперки
Пиперките ги миеме и ги чистиме од рачките и семките.
Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи.Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна.
Со оваа смеса ги полниме пиперките со помош на мало лажиче скоро до крај и отворот го затвораме со парче домат.
Ги редиме во огноотпорна тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло.
Печиме на температура од 220 степени половина час.
Во чинија сервираме една пиперка и ја налеваме со сосот во кој се печела. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Омилените рецепти ќе ги најдеш така што ќе кликнеш најгоре на „Мој профил“ и потоа подолу ќе го видиш полето „Омилени рецепти“.