Еден убав ручек кој се спрема и од млад и од стар компир
 
- Исчистети ги пиперките и од внатре малку посолете
- Во младото згмечено сирење додадете ги јајцата, киселата павлака, околу 5 лажици зејтин и измешајте - со оваа смеса наполнети ги пиперките.
- Пиперките поредете ги во намрснета гувечара или тава со капак.
- Во смесата која ќе остане се додава исецкан компирот, додадете зачинките, бибер, буковец, магданос,се добро измешајте и редете околу полнетите пиперки.
- Измешајте 4 лажици зејтин и 4 лажици вода - посипете ја мешавината одозгора, поклопете го тавчето и печете во рерна. Кога ќе е готово самото си кажува.
Совет
- Ова мора да се пече во гувечара, тавче со поклопец, заради тоа да остане компирот сочен.
- Пиперките кога ќе ги наполните не ги затварајте со ништо, од филот истекува во тавчето и го прави компирот уште покремаст.
- Сол ставам многу малку, односно го осолувам компирот малку кога го исецкам, водејки сметка притоа дека и самите пиперки во внатрешноста се посолуваат.
- Со црвени пиперки ми е многу повкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани