
18
окт
2014
Полнети печурки
Најпрво се длабат печурките, а остатоците се сецкаат ситно и се ставаат во друг сад заедно со ситно исецканиот компир.
Оваа смеса се запржува во масло за јадење додека компирот не омекне.
Потоа се додава павлаката и се продолжува со запржувањето уште околу 5 минути.
На крајот се додава сол и бибер и со смесата се полнат издлабените печурки кои потоа се редат во тава со малку масло за јадење.
Се става малку вода и се печат во рерна околу 30-40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани