Полнети мини гамби
На овој начин можете да си ги спремте и да ги полните со туна риба, исто така одлични се...за овие пиперчиња некој вели дека се феферонки, ги има и благи и лути...
Значи вака
1. Исчистете ги пиперчињата од семето.
2. Ставете водата, солта, шеќерот, оцетот да провријат, малку нека олади и прелијте ги пиперчињата- оставете да одстојат 24 часа.
3. Наредиот ден измешајте ја урдата со магданосот и оревите, ако не е солена урдата осолете ја на вкус, полнете ги пиперчињата.
4. Наредете ги полните пиперчиња во теглат, залијте ги со зејтин и пастеризирајте ги теглите ставајки ги во вода и нека вријат добро околу 10 минути - исклучете ринглата, оставете ги така во водата се додека не почне да се лади, одкако приметите дека се оладува водата извадете ги од водата теглите, завиткајте ги во ќебе или крпа, нека се потполно оладат, а за тоа време и да се добро затворат капаците.
Одложете на полицата кај останатата зимница.
НАПОМЕНА
Постапката за полнење со риба Туна - од конзерва - е иста, со тоа што јас во рибата додавам и бибер, магданос, исецкана маслинка - ги полнам пичерчињата и понатаму повторно исто. Вака полнетите гамбички ги залевам со маслинов зејтин.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Сите права се задржани
супер се и ке ги направам уште денес само сакав да те прасам дали може со благи гамби и теглите само со зејтин да ги наполнам а шне со водата во која ке стојат 24 часа.
Фала и поздрав....
Ги обожавам , таму ги полнат со крем сир , ама верувам дека и со урда се супер .