Подготовка:

1. Пастрмката пресечете ја на грбот и исчистете ја од утробата. Наполнете ја со дел од смесата за полнење и ставете ја во тавата во која ќе ја печете. Над сите пастрмки ставете исечкан лимон и магдонос, прелијте ги со малку масло и ставете ги да се печат дваесетина минути.
2. За полнењето, на малку маслиново масло ставете го слаткиот компир, претходно исечкан на поситни коцки, празот, кромидот и лукот, исечкани на покрупни парчиња и малку, десетина минути, потпржете ги. Зачинете по вкус и додајте го виното. Со оваа смеса полнете ги пастрмките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови