Полнети пиперки со месо и колбаси
Лебот искинете го на парчиња и ставете го во малку вода да омекне.
Отстранете ја кожичката од колбасите и месотото ставете го во сад. Додајте го меленото месо, лебот исцеден од водата, пармезанот, лукот ситно исецкан, магдоносот, солта, биберот, јајцата и со рака измемесете ја смесата да се изедначи. Оставете ја во фрижидер околу 1 час.
Пиперките исечете ги хоризонтално околу 5-6 мм под дршката да се добие капак како декорација на пиперките и исчистете ги од семето. Или едноставно отстранете ја само дршката.
Помала тава намачкајте ја со масло. Со смесата од месо наполнете ги пиперките и наредете ги во тавата. Одозгора посипете ги со по малку презла.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени 1 час. Во друга мала тава ставете ги и дршките да се потпечат во рерната заедно со пиперките и кога ќе видите дека се готови извадете ги. Тие се помали и не им треба многу време за печење.
Готовите пиперки послужете ги топли со салата.
Лиценца: Сите права се задржани