Во просеаното брашно додајте сол, шеќер, квасец, јајце. млеко, маргарин, јогурт, замесете меко тесто и оставете го да стаса.
Тестото поделете го на топчиња.
Секое топче рассукајте ставете урда, од една страна сечете линии со нож, завиткајте во полжавчиња.
Оставете полжавчиња на 15 минути да стасаат.
Стасаните полжавчиња премачкајте со јајце и наросете со сусам.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Многу вкусни, меки и убави.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани