Погача за слава
Се меси тесто и се дели на три дела - поголем, помал и најмал. Поголемиот и помалиот дел се делат на осум парчиња и секое се премачкува со маргарин. Се спојуваат така да бидат споени страните со маргарин. Најмалиот дел не се дели и не се мачка. Најголемиот дел (веќе поделен на парчиња, премачкан и споен) се развлекува во кора, во големина на тавчето во кое ќе се пече погачата, одприлика број 26 до 28. Се става кората во тавчето и се засекува на 8 парчиња така да тестото кон краевите на тавчето останува недосечено. Се зема еден дел (од средината) и се превртува кон крајот. Така се прави со сите осум дела. Сега се зема помалото парче и од него се развлекува кора во големина на кругот од тавчето кој остана празен. Се засекува на ист начин, само засеците да бидат на место место меѓу засеците од првата кора. На тој начин се добива ѕвезда. Во средината на тавчето се става најмалиот дел. Погачата ја оставаме да стасува. Десетина минути пред да се пече ја премачуваме со јајце во кое има малку зејтин и ги редиме фигурите кои сме ги направиле претходно, само од брашно, сол и вода. Времето на печење е околу 20 минути во зависност од тоа како пече вашата рерна. За да не ви изгорат (потемнат) фигурите, околу 10 минути во почетокот на печењето, одозгора ставете хартија за печење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pogacata prekrasna!
Za mnogu godini, radosni i veseli da e!!!