Во мал сад ставете го квасецот со 1/4 од водата. Измешајте со лажица и оставете го 10 мин да нарасне.
Во друг сад ставете го брашното, солта, шеќерот. Додадете го квасецот и остатокот од водата и добро измесете тесто. Садот со тестото оставете го на топло за да нарасне двојно-околу 1 час.
На набрашнета површина развлечете правоаголна кора и премачкајте ја со крем.

Кремот претходно ставете го во микробранова околу 30 секунди за полесно да премачкувате.
Од кората свиткајте ролат и пресечете го ролатот на пола, оставајќи еден крај не пресечен.
Потоа формирајте плетенка. Плетенката ја сечеме на пола и ја ставаме во тава обложена со хартија за печење. Плетенката ја оставаме уште 20 мин за да нарасне, а потоа ја премачкуваме со изметено јајце и вода и наросуваме пченкарно брашно. Печеме на температура од 180 степени околу 20 мин, а потоа ја зголемуваме температурата на 200 степени и печеме уште 5-7 мин. ДОБАР АПЕТИТ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови