Питулиците со праз можат да се направат и во вашата кујна. Еднакво се вкусни како и на питуличарка. Најбитно е кашата да биде солена, а палачинките да бидат добро оладени. Не треба да се прават веднаш со топли палачинки зошто ќе станат тегави - живи.
Овие ги правеше ќерка ми и навистина излегоа повеќе од одлични.
1. Значи најпрво се прави кашата од наведените состојки. Се мати со миксер за да се добие каша со густина како за палачинки. Се става 3-4 лажици масло и пак се мати кашата.
2. Се прават палачинките во две тавчиња, ама и не мора, вака за побрзо. Се оладуваат палачинките ептен да бидат оладени, па после се филуваат,
3. Се сечка празот и се пржи на масло. Се посолува празот и се остава да олади.
4. Сега се филуваат питулиците-палачинките. Во тепсија се става масло и 2 палачинки се става фил и малку масло и се покрива пак со палачинки....се завршува со палачинки. Се притискаат убаво со рацете палачинките се сечат на коцки и се прелива пак со масло врз нив и се потпекуваат на 200С 20мин.
ПС
Ете можат и младите девојки да направат нешто наше традиционално.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани