Прво измешајте ги исчистените цреши со шеќерот, нишестето, лимонот и циметот.
За тестото, ставете го путерот и шеќерот и измешајте ги, Потоа додајте го брашното и со прстите спојувајте го со путерот. Водата додавајте ја лажица по лажица, ќе осетите кога е доста, треба да се добие мазно тесто. Не го месете многу, колку да се спои. Ставете го во фрижидер на 1 час.
Потоа одвојте една третина од тестото за украсување, а останатото расучете го во форма на калапот во кој ќе ја печете питата. Ставете го тестото и одозгора наредете ги црешите.
Преостанатиот дел од тестото расучете го и исечете парчиња со кои ќе ја украсите питата одозгора.
Премачкајте со јајце, јас ставив и исечкани бадеми и ставете ја во загреана рерна на 200 степени. После дваесетина минути прекријте ја со фолија, за да не ви изгори пред да се испечи.
Послужете ја со некој овошен сладолед, одлично одговара со вкусот на путерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови