Пита со француски лепчиња и пилешки стек
Многу брз ручек, кога нема време за многу по кујна токму ова е добредојдено.
Јајцата се матат со вилушка, се намрсува тавче, убаво е ако е нелепливо, семакаат прво 6 лепчиња во јајцата и се редат како подлога одоздола.
Во сад се вари стекот и морковите, се сечат на коцки, се сечи сланината се редат над лепчињата и најгоре кашкавалот.
За површинскиот дел пак се макаат 6 лепчиња во јајца (некогаш ставам малку млеко во јајцата), се помаслува и се печи в релна на 200 да си фати боја.
На крај можи да се стави малку кашкавал, не е обавезно туку по желба, ќе се стопи од топлата пита и само 2-3 минути во релна. Секогаш го сакаме топло и не знам каков вкус има ладно оти не останува ништо.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови