Квасецот заедно со солта и шеќерот го оставаме да надојде, па со брашното и водата замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса 1/2 час.
За тоа време го пржиме празот на малку зејтин, ја додаваме урдата и посолуваме. Откако тестото ќе стаса го двоиме на 5 парчиња и од секое парче двоиме по 3 дела од кои сукаме кори. На 2 кори се мачка растопен маргарин и корите се редат една врз друга. Последна е не намачканата кора. Од ново се сука голема тенка кора се става од филот со праз, се замотува и се става во намрснето плекче. Постапката се повторува со сите 5 кори.Се пече на температура од 180С додека да порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови