29
авг
2015
Пита со праз и куркума
Од редот на брзи, едноставни, вкусни пити за појадок со чаша јогурт.
Користена е чаша од 220 мл.
Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се матат да се запенат.
Се исклучува миксерот и постепено се додаваат јогуртот, маслото, соединетите пециво, куркума и брашно, палентата,сецканиот морков, праз, урдата.
Убаво сето се промешува и се истура смесата во мала ростер тава.
Се печи околу 30 минути на 190 степени, односно се додека не добие убава боја.
Лиценца: Сите права се задржани