Во садот за месење ги ставаме млекото, водата, маслото, шеќерот, солта, коцката квасец и ги размешуваме сите овие состојки. Потоа го додаваме брашното и месеме додека не добиеме убаво меко тесто. Откако убаво ќе го измесеме го оставаме да стаса околу 90на минути.
Во меѓувреме го запржуваме кромидот, го додаваме месото, зачините и го пржиме.
Штом стаса тестото расукуваме убави кори, и во секоја ставаме од испрженото мелено место, ја виткаме како плетенка. Потоа уште половина час ја оставаме да стаса, ја начкаме со јајце разматено, поросуваме со сусам и ја печеме во загреана рерна околу 25-30 минути додека не порумени.
Ова е добра идеја за појадок, со една чаша јогурт е совршена комбинација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови