Лесна и вкусна пита, а и количински ги задоволува потребите за појадок на едно големо семејство, како нашето.

Подготовка
1. Во еден сад го ставаме гризот и пецивото, промешуваме. Ги додаваме јајцата, маслото и јогуртот.
2. Промешуваме со лажица до соединување.
3. Сирењето го дробиме со вилушка, а кашкавалот го сечкаме на ситни парчиња.
4. Корите ги сечеме на мали лентички, како јувки.
5. Ги додаваме во смесатата прво сирењето и кашкавалот, промешуваме.
6. На крај ги додаваме и корите. Промешуваме убаво за да се навлажнат корите.
7. Во тавче бр. 28 ја истураме смесата. Посипуваме со сусам и ким.
8. Печеме во загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а останатите 30 минути на 180 степени.
9. Откако ќе се испече питата, оставете ја 10 минути покриена со крпа, а потоа сервирајте.

Забелешка
Чашата е од 240 мл. Ја користев тавата Делимано Стоун леџенд и не ја намрсив само ја истурив смесата во неа. Откако се испече питата, ја поизладив и го превртев тавчето на голем тањир, излезе како воопшто да не се печела во него. Ја сечев топла и подеднакво е вкусна и топла и ладна. Сол не ставив, сирењето беше солено.