Пита со кисела зелка
Подготовка:
1. Најпрво киселата зелка се сецка ситно. Се отстрануваат кочаните на листот.
2. Во пекач ставаме масло и свинска маст. Пржиме на умерен оган околу 1 час, да си легнe убаво зелката, да се испржи. Оставаме да се излади.
3. Во сад соединуваме јајце, кисела вода, бибер пециво и сол. Земаме прва кора, попрскуваме со преливот, па втора кора, прелив, трета кора, прелив. На почеток на кората, ставаме обилно од пржената зелка. Виткаме ролат.
4. Го ставаме во плех, кој е танко намрсен. Постапката е иста со целиот материјал. Со остатокот на премазот ги премачкуваме ролатите одозгора и ги посипуваме со сусам Печеме околу 40 минути во загреана рерна. Испечените ролати ги вадиме на кујнска решетка да се изладат, па сечиме на парчиња и послужуваме.
*Забелешка - Во преливот не ставив маснотија, од причина што има доволно маснотија во филот.
Лиценца: Сите права се задржани
Pa da
Filot i mene mi bese spremen, si idam od rabota, mackam, redam, pecam, jadam... Haha