Испечати

Пита со кисела зелка

Пита со кисела зелка

Состојки

  • 450гр кори, може и 500, така беа моите во пакување
  • Премаз
  • 1 јајце
  • 140 до 150 мл кисела вода
  • Малку сол и бибер
  • 1/2 лажиче пециво
  • фил
  • 1 до1, 5 кгр кисела зелка
  • 1,2 лажици масло
  • 1 лажица полна свинска маст
  • По желба и чили пиперчиња
  • сусам

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво киселата зелка се сецка ситно. Се отстрануваат кочаните на листот.
2. Во пекач ставаме масло и свинска маст. Пржиме на умерен оган околу 1 час, да си легнe убаво зелката, да се испржи. Оставаме да се излади.
3. Во сад соединуваме јајце, кисела вода, бибер пециво и сол. Земаме прва кора, попрскуваме со преливот, па втора кора, прелив, трета кора, прелив. На почеток на кората, ставаме обилно од пржената зелка. Виткаме ролат.
4. Го ставаме во плех, кој е танко намрсен. Постапката е иста со целиот материјал. Со остатокот на премазот ги премачкуваме ролатите одозгора и ги посипуваме со сусам Печеме околу 40 минути во загреана рерна. Испечените ролати ги вадиме на кујнска решетка да се изладат, па сечиме на парчиња и послужуваме.

*Забелешка - Во преливот не ставив маснотија, од причина што има доволно маснотија во филот.