Пирошките на Сара
Еден рецепт кој мојата сестра Сара го прави долго време. Потребно е тост леб,по можност бел ( тој подобро се развлекува со сукалката) Ја отстрануваме корката,па ги редиме во чинија и ги ставаме во микрото 1минутка. Откако се така омекнати,веднаш со сукалката ги расукуваме. Колку е големо лепчето толкаво парче кашкавал го постиламе. На самиот раб ставаме парче виршла. По вкус,можете да го премчкате и со кисело млеко. Свиткајте го во ролна и задржете го така во таа положба со чичкалици. Во сад ставете матено јајце,а во друг лебни трошки. Премачкајте ги пирошките во јајце па во презла и запржете ги. Постепено вадете ги чичкалиците при пржењето. Кога се заруменети,вадете ги на кујнска хартија. Ова е нашата честа закуска, која ни ја подготвува нашата ќерка Сара.