Еден рецепт кој мојата ќерка Сара го прави долго време.
Потребно е тост леб, по можност бел ( тој подобро се развлекува со сукалката)
Ја отстрануваме корката и ги редиме во чинија и ги ставаме во микрото.
1 минутка.
Откако се така омекнати, веднаш со сукалката ги расукуваме.
Колку е големо лепчето толкаво парче кашкавал го постиламе.
На самиот раб ставаме парче виршла.
По вкус можете да го премчкате и со кисело млеко.
Свиткајте го во ролна и задржете го така во таа положба со чепкалки.
Во сад ставете матено јајце, а во друг лебни трошки.
Премачкајте ги пирошките во јајце, па во презла и запржете ги.
Постепено вадете ги чепкалките при пржењето.
Кога се заруменети, вадете ги на кујнска хартија.
Ова е нашата честа закуска, која ни ја подготвува нашата ќерка Сара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови