Макало со суви пиперки и компири
Верувам дека за многумина од вас ова јадење е само потсетување на едно од нашите преубави традиционални македонски јадења. Идеално со топло лепче и сиренце.
Мојот начин на подготовка е следен -
1. Најпрво ги мијам убаво пиперките, им ги вадам рачките и семето.
2. Компирите ги лупам, мијам и ги ставам заедно со сувите пиперки во подлабоко тенџере да се варат се додека не бидат сварени компирите (околу 1 час)
3. Пиперките ги вадам врз цедалка, малку да остинат и ги лупам од лушпата со помош на лажица ( „ги гребам„ )
4. Потоа излупените пиперки заедно со компирите ги толчам до добивање на мазна смеса, по потреба додавам од водата во која се вареле.
5. Посолувам и чвркосувам со жежок зејтин.
6. Убаво промешајте и уживајте.
По ваш вкус можете да додадете и лук ( или да го направите и со лути пиперки ) јас тоа го правам одпосле бидејќи децата не го обожаваат. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови