Пиле печено во путер
Пилево мое е без крилца :) Од нив, од вратот и од внатрешниците направив пилешка супа.
Подготовка:
1. Пилето убаво измиено и избришано од водата го посолуваме од сите страни со сол и го истриваме со солта убаво и внатре. Потоа го премачкуваме со сенф исто така од сите страни. Па го зачинуваме убаво со мешан зачин и со црн бибер, и врз него на неколку места ставаме парчиња путер. Покриваме со алуминиумска фолија, ставаме во рерна загреана на 150-180 степени два часа.
2. Компирите излупени и исцечкани, ги промешуваме со малку брашно, прстофат црвен пипер, сол, зачин и црн пипер. Ги додаваме во тавата каде се пече пилето и повторно и низ нив ставаме парчиња путер. (вкупно 100 гр путер). Покриваме со фолијата, засилуваме на 200-220 степени и ја враќаме тавата во рерна.
3. Компирите млади не им треба повеќе од 40 минути за убаво да се испечат. Ја вадиме фолијата, ја засилуваме рерната на максимум, и оставаме да ни се вцрват и пилето и компирите.
Превкусно е, во уста се топи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови