1
авг
2015
Пилешки дроб со пиперки
Во загреано масло се става пилешкото дропче да се запржи.
Кога е при крај се додава белото вино и се зачинува.
Нека испари алкохолот и се трга од оган.
Кромидот и пиперките се сецкаат и се запржуваат во друга тава или се вади дропчето во чинија и може да се пржи во истата тава.
Прво се запржува кромидот, а потоа се додаваат пиперките.
Кратко нека се пржат.
Се додава и дропчето, се пржат уште 2-3 минути.
На крај се додава сецкан магдонос.
Уште салата од црвени домати и ете брз, лесен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани