![Пилешко во бел сос со моркови](https://moirecepti.mk/content/uploads/2015/10/DSCN5119-19b699-800x600.jpg)
6
окт
2015
Пилешко во бел сос со моркови
Сварете ги батаците, па потоа оделете го месото од коската и искинете го на парчиња.
Кромидот и морковите изрендајте ги на ситната страна од рендето.
Во тава на оган ставете го путерот и маслото.
Откако путерот ќе се растопи додајте ги кромидот и морковот.
Пржете ги на тивок оган, а потоа додајте ги парчињата месо.
Откако се заедно ќе се пропржи додајте ја павлаката, сецканиот магдонос и граната.
Посолете, наросете црн бибер и кратко оставете да проврие се заедно.
Изберете си по ваша желба со што ќе го послужите, во мојот случај овојпат беше пире.
Лиценца: Сите права се задржани