Пилешки џигер со праз,печурки и сланина
Едноставен и вкусен ручек.
1. Пред да почнеме со подготовка на овој ручек потребно е џигерот убаво да се исчисти и измие. Нема потреба да се сече на помали парчиња. Празот го чистиме и сечеме на парчиња. Сланината исто се сече на коцки. Шампињоните се цедат од течноста.
2. Најпрвин ги запржуваме коцките чадена сланина на малку зејтин. Кога ќе се запржи, се додава празот и се запржува.
3.Кога празот е запржен (кога веќе ќе нема течност), се додава пилешкиот џигер и се запржува околу 15 минути на тивко.
4.На крај ги додаваме и шампињоните и посолуваме. Се запржува уште десетина минути и ручекот е готов.
Едноставно и вкусно.Ви препорачувам и бело вино како додаток на овој зимски ручек. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови