Пилешки стек на мој начин
Парчињата стек ги посолуваме, ги наросуваме со црн бибер и мешан сув зачин. Ги ставаме во длабок сад и ги полеваме со масло (можи и маслиново уште поубаво само јас немав во моментот) и ги оставаме во фрижидер неколку часа. Во загреано тавче без масло (бидејќи стекот стоеше во масло) го пржиме стекот.
Го подготвуваме сосот. Во тавче на оган прво го пропржуваме кромидот, потоа ги додаваме печурките и грашакот и ги пржиме околу 15 мин. Потоа во тавчето тураме вода околу 400-450 мл. и динстаме 20 мин.Тавчето го тргаме од оган на кратко и ја додаваме павлаката измешана со брашното.Го враќаме тавчето на оган и вариме уште 15 мин.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови