Пилешки гради во сос од ореви
Ова е многу едноставен и брз начин на спремање на пилешки гради. Во исто време се спрема и месото и сосот . Пилешкото е многу меко и сочно, а вкусот е фантастичен.....пробајте.
1. Исечете ги пилешките гради на не многу тенки парчиња. Посолете, наросете бибер и свалкајте ги во брашно.
2. Во тава на оган ставете го путерот да се растопи, па додајте го маслото. Наредете ги во тавата пилешките гради и пропржете ги кратко од двете страни, додека добијат малку боја.
3. Оревите изблендирајте ги со млекото и малку сол, па додајте ја изблендираната смеса во тавата со месото. На потивок оган оставете ги да се готват околу 15-20 минути. Доколку се згусти многу додајте по потреба млеко.
Лиценца: Сите права се задржани