Пилешка супа со кнедли
Прво ставаме на оган околу 3 литри вода и копаните,претходно измиени. Кога ќе зоврие, се додаваат 2 главици кромид, 1 морков и 1 пашканат,исечени на крупни парчиња .Се додава сол и зачин од сушен зеленчук.
Кога ќе е сварено месото, после 1 час, се вадат копаните од течноста,се чистат од коските и кожата и се сечат на парчиња. Течноста се прецедува.Зеленчукот од цедилката ,заедно со малку течност од супата се блендираат со рачен миксер.
Во посебна чинија се става 1 белка и малку зачин од сушен зеленчук. Се мати со вилушка и се додават и 2 жолчки,2 лажици зејтин и 2 лажици гриз. Смесата треба да е малку погуста од јогурт. Треба да отстои некоја минута и ќе се згусти повеќе.Ова е смесата за кнедлите.
Во посебен сад се става малку зејтин и се додава исечен морков на парчиња. Кога малку ќе се запржи, се додава месото, се додава измиксираниот зеленчук и прецедената супа. Кога ова ќе зоврие со лажичка се зема од смесата за кнедли и се става во супата.После половина минута тие испливуваат на површината,што е знак дека се во ред. Супата треба да врие уште 10 минути. На крај се додава и магдонос и е готова за служење.
Еден мал совет за кнедлите- пред да ги ставите во супата може да ставите еден сад со вода која врие и да ставите 1 кнедла за проба за да видите дали ќе е во ред. Колку почесто ги правите , за вакви проби ќе немате потреба.