
10
мај
2021
Пилешка салата
1. Прво измиените парчиња пилешко месо ги вариме во вода во која има додадено сол, бибер во зрна и морковите. Од кога се сварени, убаво го чистиме и оделуваме само месото. Го сецкаме ситно.
2. Ги сецкаме морковите и киселите краставички. Додаваме кисела павлака и зачини по вкус. Убаво соединуваме и оставаме во фрижидер 1 час да се спојат вкусовите.
Потоа сервираме.
Бујонот кој ни остана при варењето го користиме за подготовка на чорба.
Лиценца: Сите права се задржани