Пилешка салата
Состојки
- 2 копани со подкопани
- 2 моркови
- 2 кисели краставички
- 1лажиче сенф
- 300гр кисела павлака
- Сол, бибер, тостиран сусам по желба
Подготовка
1. Прво измиените парчиња пилешко месо ги вариме во вода во која има додадено сол, бибер во зрна и морковите. Од кога се сварени, убаво го чистиме и оделуваме само месото. Го сецкаме ситно.
2. Ги сецкаме морковите и киселите краставички. Додаваме кисела павлака и зачини по вкус. Убаво соединуваме и оставаме во фрижидер 1 час да се спојат вкусовите.
Потоа сервираме.
Бујонот кој ни остана при варењето го користиме за подготовка на чорба.