Пикантни переци со пармезан и сусам
Одлични грицкалки, за пред гости, за дружба, за гледање фудбалски натпревар или телевизија, за на плажа. Можете да си направите и некој намаз па да си го каснете со нив. Кој си сака вака лутки крекери....еве повелете рецепт.
Сувите состојки промешајте ги, па ставете ги сусамот, чилито, пармезанот и путерот исечкан на мали коцки. Втрлувајте го путерот заедно со состојките помеѓу рацете, да се направи трошкаста смеса па потоа додадете ги маслото и водата. Замесете го убаво тестото. Расукајте ја топката од тестото многу тенко па со калапчиња вадете форми. Од како ќе се направат формите, секоја форма се боцка со чепкалка на повеќе места. Ставете ги на намрсено тавче и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. Откако ќе се испечат со четка можете да ги премачкате нежно со стопен путер.
Овој пат правев цветчиња, переци, а може во било која форма да ги правите.
Лиценца: Сите права се задржани