Печи-гмечи пиперчиња (зимница)
Да се стави уште нешто за на зима...:) Во една тегла се ставаат наведените количини на сол, шеќер, масло и киселина. Се става на крај на ќумбето. Течноста од температурата ќе почни да врие. Се става решетка под теглата, за да не дојди до пукање на стаклото. Малку потпечени пиперчиња се ставаат во теглата. Се наросуваат со ситно сецкано лукче и магдонос и се притискаат со толчникот. Така се редат слоеви, ретчиња во теглата, при што убаво се притиска со толчникот, да нема воздух меѓу нив.. Кога ќе се наполни теглата се затвора со вшештен капак, се превртува надолу со капакот, се става во тепсија и така се завиткува во старо ќебе. Се оставаат да изладат. На здравје!