Печен крап на зеленчук
1. Исчистете го крапот убаво и исплакнете го со вода. Исушете го со кујнска хартија, па протријте го со мешан сув зачин и сол. Напрскајте мелен црн бибер насекаде и во внатрешноста.
2. Крапот засечете го на неколку места, со длабочина од сантим, па наредете лук и лимон. Ставете и во внатрешноста лук,магдонос и парчиња лимон. Рузмаринот и мајчината душица можете да ја ставите и во внатрешноста и надвор од рибата.
3. Зеленчукот исчистете го и исецкајте го на коцкички и наредете го околу рибата во тавата, па прелејте зејтин и сок од лимон, а потоа и белото вино. Ставете фолија, покријте убаво и ставете да се пече. После 30 минути извадете ја фолијата и попечете без неа, нека фати боја и од горе.
Сервирајте парче риба со печен зеленчук.
Ставете си чаша вино и уживајте во ручекот.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови