Печени свински ребра во сос
1. Свежите свински ребра ги редиме во тавата. Во друг сад ги помешуваме сенфот, мармаладот од кајсии и доматното пире. Со четка ги премачкуваме добро ребрата. Јас ги искршив на помали парчиња. Премачкуваме од двете страни. Со зачините зачинуваме од секаде, а потоа ги полеваме со масло. Водата и ловоровиот лист ги ставаме на дното на тавата.
2. Покриваме со алуминиумска фолија и оставаме да се печат. После 30 минути покриени, ја вадиме фолијата и оставаме да се допечат. Мојата рерна пече добро, па и од сосот горе малку попеченки ги дава на сликата, иако не се изгорени.
Во текот на печењето со лажица преливајте ги од маснотијата која ќе ја пуштаат при печењето.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови