Печени крофни
Изматете ги со миксер јајцата заедно со прстофат сол и ванилата. Откако сте ги сматиле додадете го млекото, брашното - измешајте со миксерот и на крајот додадете го стопениот и малку оладен маргарин, повторно измешајте. Ќе добиете смеса слична на палачинки.
Во калапите за муфини ставете по една лажичка зејтин и секој калап полнете го со смесата во висина на 3/4 од калапот. Печете ги во педходно загеана рерна околу 15 минути. Се посипуваат со шеќер во прав.
НАПОМЕНА- смесата е ретка како за палачинки. Да не ве збунува ништо - овде нема пециво. Кога ќе се печат ќе забележите дека ќе нараснат. Овие крофни се сосема празни, се посипуват со шеќер во прав, а може да се служат со мармалад.
Одлични се!
Една доза е доволна за 12 калапи за муфини и секогаш спемам дупла доза. Навистина предобри, а толку лесно за правење.
Ви посакувам пријатен ден!
Лиценца: Сите права се задржани