Паштета од маслинки (посно)
Оваа паштета или намаз веднаш ќе ве плени со својот медитерански вкус. Помешаниот вкус на зачините со маслинките веднаш ќе ве понесе.
~ Подготовка ~
- Со нож се чистат маслинките од коските и се сечкаат (маслинките се повкусни ако се сочни т.е. да не се ни тврди ни многу меки).
- Месото од маслинките се блендира со маслиновото масло додека да се добие мазна смеса, а потоа се додава црвениот пипер и зачините, пак се блендира додека да се соединат состојките.
- Смесата се истура во сад, се додава павлаката (за мрсна варијанта како што јас ја направив) или густото доматно пире (за посна варијанта) и убаво се меша до изедначување.
Направете ја оваа паштета и уживајте во вкусовите.
Може да се става во сендвичи, додаток на пити, со тостиран крцкав леб на кој ќе се стави од оваа паштета или намаз, па да се изренда тврдо сирење, кришка домат, малку копар и ... уживање ...
Лиценца: Сите права се задржани