Испечати

Паштета од маслинки (посно)

Паштета од маслинки (посно)

Состојки

  • 120 гр. зелени маслинки
  • 30 гр. црни маслинки
  • 3 лажици маслиново масло (ладно цедено)
  • 1 рака бадеми
  • 1 лажичка копар
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 3 лажици кисела павлака (за мрсна варијанта)
  • за посна варијанта
  • 3 лажици густо доматно пире

Подготовка

Оваа паштета или намаз веднаш ќе ве плени со својот медитерански вкус. Помешаниот вкус на зачините со маслинките веднаш ќе ве понесе.

~ Подготовка ~
- Со нож се чистат маслинките од коските и се сечкаат (маслинките се повкусни ако се сочни т.е. да не се ни тврди ни многу меки).
- Месото од маслинките се блендира со маслиновото масло додека да се добие мазна смеса, а потоа се додава црвениот пипер и зачините, пак се блендира додека да се соединат состојките.
- Смесата се истура во сад, се додава павлаката (за мрсна варијанта како што јас ја направив) или густото доматно пире (за посна варијанта) и убаво се меша до изедначување.

Направете ја оваа паштета и уживајте во вкусовите.
Може да се става во сендвичи, додаток на пити, со тостиран крцкав леб на кој ќе се стави од оваа паштета или намаз, па да се изренда тврдо сирење, кришка домат, малку копар и ... уживање ...