Подготовка:

1. Во длабок сад ја ставаме хељдата, додаваме ладна вода да се прелие и оставаме да кисне 10тина часа.
2. Киснетата хељда ја процедуваме и миеме со ладна вода. Ја ставаме во блендер. Блендираме. Ги додаваме јогуртот, меленото чиа семе, овесното брашно, солта и пецивото.
3. Ставаме на оган тавче за палачинки со нелепливо дно, премачкуваме со маслиново масло. Во тавчето ставаме по 2-3 лажици од смесата и формираме мали палачинки. Печиме по 2-3 минути од секоја страна.
Палачинките јас ги редам една врз друга, измеѓу нив ставам издробено сирење и павлака и свеж домат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани