Ослич со путер од лук
1. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Во блендер го миксаме пола од магдоносот со 4 чешниња лук и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Ја свиткуваме во најлонска фолија и ја ставаме во фрижидер за да се стегне.
2. На ситната страна од рендето рендаме кора од лимонот и портокалот и ја ставаме во длабок сад. Ситно ги сечкаме преостанатите 2 чешнињата лук и магдоносот и ги додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме црн пипер. Додаваме 4-5 лажици маслиново масло и ги промешуваме состојките.
3. Филетите од ослич ги редиме во тава за печење обложена со хартија. Ги попрскуваме со маслиново масло и ги посолуваме. На секоја филета нанесуваме од зачинетата мешавина од рендана лимонова и портокалова кора со лук, магдонос и маслиново масло. Тавата ја ставаме во рерна загреана на 180 степени. Печеме 15 минутии ја вадиме од рерна.
4. Ја сервираме рибата со путерот од лук и магдонос и со варен компир или било кој друг гарнир. Многу вкусно)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови