Оризот со зеленчук може да се конзумира самостојно како посно јадење или како додаток на главно јадење.
На зејтин во тава го запржуваме кромидчето, пиперката и морковот исечени на ситно. Кога ќе се запржат се додава исчистениот и измиен ориз и тој во тавата се запржува за да стане стаклест. Додека го запржуваме зеленчукот загреваме 4 шољи вода(истата со која го меревме оризот од 150 милилитри).
Кон оризот додаваме сол, црн пипер, зачин од сушен зеленчук и тоа го префрламе во тавата во која ќе го печеме оризот. Полеваме со врелата вода, ги додаваме пченката и грашокот(ставив од конзерва), додаваме магдонос, се заедно мешаме и ја ставаме тавата во загреана рерна на 200 степени. Се пече додека да испари течноста или околу 30 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови