Подготовка

1. Мал дел од мелените колачиња (околу 30г) тргаме на страна. Остатокот го мешаме убаво со стопениот путер и смесата ја натапкуваме на дното на калап за чизкејк (20цм), претходно обложен со хартија за печење. Оставаме во фрижидер.
2. Ја подготвуваме едната кесичка сладолед, според упатството (со 200мл млеко). Го додаваме сладоледот врз подготвената основа. Наросуваме со 30г мелени орео колачиња. Оставаме во замрзнувач најмалку 4 часа.
3. Ја подготвуваме другата кесичка сладолед од ванила со 200мл млеко. Додаваме една лажица екстракт од ментол и сосема малку зелена боја. Мешаме убаво, па смесата ја додаваме во калапот. Декорираме со цели орео колачиња и замрзнуваме преку ноќ.
Убава тортичка за љубителите на ментол вкусот.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани