Овошна торта со пудинг
Основа
- Од сите наведени состојки за основата замесете тестото, оставете го фрижидер да одстои околу 45 минути. По изминатото време извадете го и ставете го мегу два листа хартија за печење за да го полесно расукате со размер кој ќе биде доволен да ставите во модла бр.26, премачкана со путер и побрашнета на дното и ѕидовите. Тргнете ја на страна додека го приготвувате филот.
Фил
- Сварете го пудингот во млекото, тргнете го од огнот и во него иако е врело ставете ја киселата павлака - измешајте, истурете во модлата, (можете одозгора да го распоредите овошјето) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени 70 минути. Печен колачот нека сосема олади (најдобро преку ноќ) по што ќе го приготвувате преливот. Декорирајте по ваша желба и служете го овој исклучително свеж колач.
За преливот
- Сега ќе напоменам овде дека доколку го распоредите овошјето врз филот и го заедно со него печете - тогаш земете само од готовите овошни преливи, пригответе го според упатството и залијте го колачот - што не значи дека во тој момент при прелевањето не може да се стави и свежо овоштие и да го залиете. Можете да воопшто не ставите врз филот овоштие туку истото да го искористите свежо со преливот.
- Јас го приготвив преливот на начин и состојки како што се напишани во самиот рецепт, односно - дел од јагодите кои ги насеков ставив врз филот и печев, а остатокот од јагодите ги ставив во сад, додадов шеќерот и 100 мл. вода, ги ставив да се кратко варат- околу 10 мин, односно да не дозволите да станат слатко туку да е сокот редот. Остатокот од 200 мл. вода го залив желатинот за да набубри. Кога сметав дека се готови јагодите ги тргнав од огнот и во топло го истурив желатинот и бркав за да се стопи да не останат гранули. Чекав да се потполно олади, но не и да жеилара. Тогаш го истурив врз колачот.
- Сакам да напоменат и тоа дека зависно дали ќе го месите тестото со путер или маргарин - случајно ако не добиете компактно тесто кое при месењето од топлината на раката месејки го трошките се добро спојуваат и тестото е убаво, но можеби и зависи од брашното - доколку ви се рони и не можете да го расукате - слободно додадете 1 лажица кисела павлака и домесете го.
Лиценца: Сите права се задржани
Тамам е сега сезоната на овошјето ќе си ја ставам на списокот за правење и ќе ми биде предизвик да ја направам вака убава како вашата <3