Еден од моите омилени десерти е овошната торта. Брза е за подготовка нема да ви одземе многу време, а ако сте обожаватели на овошни торти тогаш воопшто не чекајте веднаш фаќате се за работа бидејќи ќе бидете воодушевени од вкусот.
Подготовка
1. Делете ги јајцата во еден сад жолчките во друг сад белките. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте од шеќерот матете додека да добиете цврст снег.
2. Изматете ги жолчките и додајте ги во белките, па повторно матете додајте го прашокот за пециво и брашното и измешајте со лажица.
3. Смесата распоредете ја во правоаголен плех кој се го обложиле со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200С од 5-6мин.
4. Во еден сад ставте ја слатката павлака и шеќерот и матете со миксер до потребната цврстина.
5. Изматената слатка павлака делете ја на три еднакви делови. Во едникот дел додајте ги претходно исчистените и ситно исечкани мандарини па промешајте да се соединат. Во другиот дел додајте ги претходно излутпените и ситно исечкани киви, па исто промешајте да се соединат, а во третиот дел додајте ги претходно излупените и ситно исечкани банани, па промешајте да се соединат.
6. Испечениот и изладениот пандишпан го сечеме на 3 еднакви делови.
7. Првиот пандишпан го филуваме со филот од мандарини, па го ставаме вториот пандишпан. Над вториот пандишпан филуваме со филот од киви, па го ставаме третиот пандишпан. Над третиот пандишпан го ставаме филот од банани и ја филуваме целата торта.
Декорација
Кивите и бананите се лупат и се сечат на кругови, а мандарините исто се лупат и секое едно парче се сечи на половина така што да добиете исто круг. Се редат ред киви ред банани ред киви тоа е по ваш избор. Калинката се чисти и исто се става каде што сакате вие.

Забелешка
Тортата не мора да се филува баш како што ја филував јас, но јас се олучив така за бананата да ми биде последна поради декорацијата на тортата, а и полесна е за премачкување на целата торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани