Делете ги јајцата во еден сад белки во друг жолчки. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте ги 4-те лажици шеќер. Матете додека да се растопи шеќерот.
Потоа изматете ги со миксер жолчките додека да ја добиете потребната цврстина и додајте ги во белките. Со миксер соединете ги па додајте го млекото.
На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица да се соединат.
Смесата истурете ја во калап број 33 претходно намрсен со малку зејтин и посипен со брашно. Јас не ставив ни зејтин ни брашно бидејќи ја печев во делимано тава за пица, а таа е нелеплива, но ако ја немате одете по првата постапка. Печете на претходно загреана рерна од 180С - 10 мин. Откако ќе се испече оставте ја да се излади.
Во џемот додајте го половината претходно исцеден лимон и промешајте. Целата пица премачкајте ја со џемот од јагоди. Кивите,бананта и портокалот излупете ги и исецкајте ги на помали парчиња па ставете ги над џемот подредени по желба. Подготвената пица исечете ја на парчиња и сервирајте. Добар апетит

Совет
Може да се кориси и друг вид џем не само од јагода може и од слива,портокал,мешано овошје итн исто така и овошје може да се стави и друг вид по желба како јагодата,малината,авокадо итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани