Прво се подготвува тестото. Истото тесто го има поставено Лудо, дома кај моите постојано го правевме, но стававме малку пециво и некогаш ни пукаше,  вака без пециво е супер,баш идеално. Се матат убаво јајцата со шеќерот и ванилата,на крај се додава брашното и се меша со лажица.Се печи во загреана рерна на 250степени (јас го печев околу 8 минути)
Филот можете да го подготвите на 2 начини:
Ја матите слатката павлака со шеќерот додека не ја добиете посакуваната густина. Тестото се премачкува со мармаладот, над него се става слатката павлака и се витка ролатот.

Вториот начин е мармаладот од црни сливи да се додаде во изматената павлака и убаво да се измати. Секако е убаво. Многу брзо се прави,многу е вкусен и едноставен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови