Овошен ролат
Состојки
- за тесто
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 ванила
- за филовање
- 200мл слатка павлака
- 2-3 лажици шеќер
- 4 лажици мармалад од црни сливи
Подготовка
Прво се подготвува тестото. Истото тесто го има поставено Лудо, дома кај моите постојано го правевме, но стававме малку пециво и некогаш ни пукаше, вака без пециво е супер,баш идеално. Се матат убаво јајцата со шеќерот и ванилата,на крај се додава брашното и се меша со лажица.Се печи во загреана рерна на 250степени (јас го печев околу 8 минути)
Филот можете да го подготвите на 2 начини:
Ја матите слатката павлака со шеќерот додека не ја добиете посакуваната густина. Тестото се премачкува со мармаладот, над него се става слатката павлака и се витка ролатот.
Вториот начин е мармаладот од црни сливи да се додаде во изматената павлака и убаво да се измати. Секако е убаво. Многу брзо се прави,многу е вкусен и едноставен.