Еве еден лесен овошен десерт во чаша готов за 15 мин.
1. Во еден сад исмешајте ги овошниот јогурт и киселата павлака да се соединат.
2. Калинката исчистете ја. Мандарината исто така исчистете ја и со нож исечкајте ја на мали парчиња.
3. Најпрво во чашите ставте по 1 полна супена лажица мелен бисквит.
4. Потоа ставте 2 супени лажици од овошниот јогурт.
5. Над овошниот јогурт ставте 2 супени лажици од исчистената калинка.
6. Над калинката ставте 1 полна супена лажица мелен бисквит.
7.Над мелениот бисквит ставте 2 супени лажици од исечканата мандарина.
8. Над Мандарината ставте 2 супени лажици од овошниот јогурт.
9.  Над овошниот јогурт ставте 1 супени лажици од калинката.
10. Над калинката ставте 1 полна супена лажица мелен бисквит.
11. Над мелениот бисквит ставте 2 супени лажици од калинката.
12  Над калинката ставте 1 полна супена лажица од овошниот јогурт.
13. Над овошниот јогурт ставте уште 1 супена лажица од калинката.
Добар апетит...

Забелешка-десертот може да го оставите и да отстои ако сакате 20-30 мин за и бисквитот да прими од овошниот јогурт,  но бидејќи јас не можев да одолеам веднаш и ја ставив лажицата.
Од овој десерт излегуваат 4 чаши од по 300мл но вие може да направите и во 200 мл или 150 мл така ќе ви испаднат повеќе чаши овошен десерт.
За полесно да сватите како оди редоследнот на овој десерт погледнете ги и сликите 1 и 2.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани