Исчистениот овес од вечер измијте го и ставете го во водата во тенџере покријте го со капак и ставете го да се вари околу 10 минути. Исклучете ја ринглата и оставете го покриен да стои преку вечер.
Утрото овесот ќе ја има впиено целата вода, а зрната ќе бидат набабрени и разварени. Во вака подготвениот овес ставете го медот, кршените парченца какао, по желба ако сакате некое блендирано свежо овошје или суво овошје, наросете 1 лажичка цејлонски цимет и исецкани кршени лешници. Уживајте во овој здрав доручек и започнете го денот полни со енергија. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови