Нутела крем колачиња
Сосема лесна постапка за овие прекрасни кекс колачиња.
- Во сад ставете заедно јајцето, нутелата и аромата од ванила, со миксерот сосема кратко сматете колку да се соединат сите состојки. Додадете го брашното и со миксерот или со лажица избркајте убаво, покријте го тестото и ставете во фрижидер да одстои најмалку 20 минути. Потоа формирајте од тестото топчиња, со дршката од бркалка или нешто посоодветно направете на средината длабнатина која ќе ја наполните со нутела кремот, а одозгора посипете со лешниците. Полесно и по уредно ќе ги полните доколку се послужите со шприц или кремот ке го ставите во кеса, пресечете на ќошето и полнете. Ставете ги во плех постелен со хартија за печење, нека се печат во претходно загреана рерна на 170 степени 10 -12 мин. и внимавајте да не ги препечете да не ви одпосле останат тврди.
Доколку ги запакувате во добро затворена кутија ќе ги имате токму за празничната маса.
Лиценца: Сите права се задржани
Mnogu ubavi.